Кој вози повеќе – сопствениците на конвенционални или електромобили?

ОБЈАВЕНО НА:

Прашањето кој вози повеќе – сопствениците на електричните или на автомобилите со мотори со внатрешно согорување станува сè поинтересно. Одговорот на него го дава студијата направена од страна на компанијата Nissan. Според неа, возачите на електромобилите во Европа возат во просек 630 километри повеќе на годишно ниво од возачите на автомобили на конвенционален погон.

Возачите на електромобили поминуаат во просек над 14.200 километри годишно во Европа. За разлика од ова годишната километража на автомобилите со мотори со внатрешно согорување во просек е 13.600 километри.

Возачите на електромобили возат најмногу во Италија – повеќе од 15.000 киломтри во просек на годишно ниво што е доволно а првото место пред Холандија со 14.800 километри.

Студијата не само што опфати километража туку исто така вклучуваше и вообичаени прашања за електромобилност. Поголемиот дел од европските возачи на електромобили (69 проценти) веќе се задоволни од сегашната инфраструктура за полнење. Постепеното ширање веројатно ќе го зголеми овој број во инидна и ќе ги растера митовите за несоодветна или недоволна инфраструктура за полнење според Nissan.

Поголемиот дел (58 проценти) од оние кои возат автомобил со мотор со внатрешно согорување ја наведуваат помалата палета на електрични автомобили како нивни најголем проблем. Анкетираните сметаат дека поголемата километража (38 проценти) поедноставното, стандардизирано полнење (32 проценти) и подобрата инфраструктура за полнење (30 проценти) би можеле да го поттикнат преминот кон електрична мобилност. Возачите на електромобили – 70 проценти од анкетираните ја оценуваат предложената километража како подобра од очекуваното.

Анкетираните гледаат проблеми и во други области. Како дополнување кон оние со полнење и инфраструктура, 56 проценти од анкетираните возачи на автомобили со внатрешно согорување сметаат дека електричните автомобили се поскапи за купување од бензинците и дизел возилата. Оние кои навистина размслуваат за електрично воење, сепак, гледаат „лажни“ митови во процесот на полнење (28 проценти), времето за полнење (30 проценти) и потрошувачката на електричните возила (31 процент).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK