Сите во очекување: Што ќе покаже Lexus на 30 март?

ОБЈАВЕНО НА:

Премиум брендот на Toyota Motors, Lexus, објави дека на 30 март премиерно ќе го претстави својот најнов концепт автомобил. При тоа објави и тизер фотографии за истиот.

Засега не се познати техничките и дизајнерските карактеристики на овој модел. Од она што може да се забележи од тизер фотографиите, станува збор за спортбек модел со клиренс карактеристичен за кросовер со средна големина.

Истиот би требало да е целосно електричен односно да го има Direct4 електричниот систем кој е развиен токму од овој јапонски производител.

Премиерата на серискиот модел се очекува кон крајот на годинава, а почетокот на производството во текот на првиот квартал следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK