Кинески Xpeng преку Норвешка ќе ја освојува Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Xpeng е најновиот кинески бренд кој го започна походот кон освојување на европскиот пазар. Овој производител на електрични возила ги испорача првите 100 примероци од моделот G3 во Норвешка.

Испораките не случајно започнаа прво од Норвешка. Причината е тоа што во оваа земја се продаваат најголем дел од електричните возила во Европа. При тоа, почетната цена на овој модел во оваа земја изнесува 358 илјади крони што е еквивалентно на 41 илјади американски долари.

Од кинеската компанија наведуваат дека Норвешка е првата земја преку која ќе ја освојуваат Европа. Кон крајот на следната година, електричните возила од овој бренд ќе се продаваат во повеќето земји на Европската Унија, а главен пазар, покрај Норвешка ќе биде и Германија ,Холандија, Данска, Франција, Белгија, Австрија и Италија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK