Lamborghini прави медицински маски и капи во Италија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Automobili Lamborghini објави дека при запирањето на производството во комплексот во Санта Агата на 13 март, компанијата одлучила да трансформира дел од просториите и сега изработува медицински маски и капи.

Маските и капите се изработуваат од вработени во Lamborghini, кои во принцип се одговорни за производство за внатрешноста на автомобилите и на специјализираните елементи на автомобилите од легендарниот бренд.

Од Automobili Lamborghini најавуваат дека дневно можат да произведат до 1000 маски и 200 3D-принтани медицински капи, а продукцијата е назначена за болницата Sant’Orsola-Malpighi во Болоња.

„Во оваа вонредна ситуација, ние се чувствуваме должни да допринесеме. Болницата S. Orsola-Malpighi е институт, со кој ние имаме соработка веќе многу години, како во однос на професионални консултации за безбедноста на нашите вработени, така и за развојните проекти. Ќе ја добиеме оваа битка заедно бидејќи работиме како тим и се помагаме сејодневно во битката со пандемијата“, вели Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Automobili Lamborghini.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK