Renault го освежи и Espace

ОБЈАВЕНО НА:

По подновениот Koleos, новите генерации на Clio и Captur, Renault го освежи и изгледот на моделот Espace.

На интернет се појави првата фотографија од маскираниот Espace. Од маскираниот екстериер може да се види дека измени има на предните светла изоставувајќи ја предната маска кај која не се очекуваат промени. Мала измена има и во предниот браник додека задниот дел останува во целост ист.

Редизајнот на актуелната генерација која е претставена во 2015 година премиерно се очекува да биде претставена во септември, во рамките на саемот за автомобили во Франкфурт. Покрај благите екстериерни измени, во ентериерот не се очекуваат некои посериозни измени. Идентични во понудата ќе останат и моторите исто како и димензиите.

Espace важи за најстар модел во понудата на францускиот производител. Се појави во 1984 година, а оттогаш до сега се лансирани пет генерации. Сепак неизвесно е доаѓањето на шесттата генерација откако MPV автомобилите во последните неколку години генерираат незначителна продажба.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK