Европскиот пазар за автомобили ја почна годината со пад од 24%

ОБЈАВЕНО НА:

Последните податоци објавени од страна на Асоцијацијата на автомобилски производители во Европа  (ACEA) покажуваат дека регистрациите на нови автомобили во јануари достигнале ниво од 726.491 единици, што е за 24% помалку во споредба со јануари во 2020 година.

Дополнителниот пад од 39,5% е забележан во Велика Британија каде што во текот на минатиот месец биле регистрирани едвај 90.249 нови автомобили (149.279 во јануари минатата година).

Со два исклучоци на секој европски пазар е забележан пад на новите автомобили, а падот варира од -5,8% во Франција до -51,9% во Романија.

Единствените две земји со пораст во јануари се Шведска (+22,5%) и Норвешка(+7,7%).

Според брендовите единствениот од поголемите кој може да се пофали со пораст во новите регистрации во Европа е Volvo, со оглед на тоа што податоците за јануари покажуваат дека се на ниво од 18.876 единици (+9.4%).

Подобрување отчитува исто така и Alpine (+54,3% до 71 автомобил) и smart (+230,3% до 2.497 единици), а најголемото намалување е забележано кај Mitsubishi со пад од 63% до 3.472 регистрации.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK