Ford ги повлекува сите GT автомобили поради можност од пожар

ОБЈАВЕНО НА:

Ford објави дека ги повлекува сите автомобили од моделот GT поради можност од појава на пожар. Оваа одлука доаѓа откако оваа година во Германија се опожари еден GT автомобил.

Веднаш по опожарувањето на автомобилот, американската компанија започна со истрага по што беше детално анализиран опожарениот автомобил. Од Ford открија можност од истекување на хидрауличната течност која доколку дојде до издувниот систем може да предизвика пожар.

Поради ова Ford објави дека ќе ги повлече сите произведени автомобили од овој модел помеѓу 20 декември 2016 година и 31 јули 2018 година. Се претпоставува дека станува збор за бројка од околу 200 автомобили што претставува бројка од поливна од планираното производство.

Главен виновник за ова е канадскиот добавувач Multimatic Inc. кој го добавува спорниот дел. Засега нема инфорамции колку време ќе трае фиксирањето на овој проблем и дали сопствениците ќе бидат финансиски обештетени.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK