Нема криза за Ferrari – пораст на приходите во третиот квартал

ОБЈАВЕНО НА:

Производителите на луксузни и суперспортски возила се чини дека најмалку се погодени од коронакризата. Тоа може да се утврди по финансиските перформанси остварени во првите три квартали годинава.

Ferrari е последниот таков производител кој пријави пораст на приходите во третиот квартал годинава споредбено со истиот минатата година.

Според официјалните информации, во третиот квартал годинава остварено е зголемување на приходот за 6,4%, на 330 милиони евра. Овој пораст е зголемен и покрај падот на испораката за 6,4%.

Зголемувањето се очекува и наредниот период, а според финансиските аналитичари, на крајот на годината Ferrari треба да оствари значително зголемување на приходот споредбено со првата половина од годината, а воедно да ја надмине и бројката од 10 илјади испорачани возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK