На автопат летаа 175.000 долари – возачите се тепаа кој повеќе ќе собере

ОБЈАВЕНО НА:

Несекојдневна случка се случи во Декалб, во сојузната американса држава Џорџија.

Имено на делница на автопатот I-285 летаа буквално пари откако крадец од својот мотоцикл бегајќи од полицијата го испуштил украдениот плен. Така дел од автопатот беше покриен со пари во вкупна вредност од 175 илјади американски долари.

Возачите кои се најдоа во тој момент на автопатот буквално го блокираа истиот и веднаш се стрчаа кон собирање на парите. Сепак, за нивна жал, истите тие пари ќе мора да бидат вратени кај локалната полиција, во спротивно ќе може да одговараат согласно важечките закони.

“За тие што нема да ги вратат парите, ние имаме видео запис, имаме регистарски табличи. Едноставно имаме видео од нив” изјави Роберт Пирсон од локалната полиција. Тој ги замоли сите да ги вратат парите во спротивно ќе мора да започнат истрага и веројатно тие ќе бидат казнети, додаде Пирсон.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK