Макпетрол останува лидер: Отворена 127. бензинска станица во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Макпетрол продолжува да инвестира во сопствените капацитети и да биде лидер во бизнисот со нафтени деривати, со отворањето на 127. бензинска станица во Македонија. Истата се наоѓа во југозападниот дел од државата во близина на Општина Вевчани, и во нејзе се инвестирани 120 милиони денари.

„Веќе 70 години како компанија се трудиме нашите горива и производи да ги направиме лесно достапни за сите граѓани на Република Македонија. Постојаното вложувавме и инвестиравме во продажните капацитети и складови, а со тоа индиректно и во општеството. Денес го гледаме плодот на нашиот труд, Макпетрол е најголемиот дистрибутер на горива во државата со 1800 вработени и 127 бензиски станици низ целата територија на републиката. За нас квалитетот на нашите горива е императив во работата па затоа ги применуваме највисоките стандарди што ни дава слобода да констатираме дека сме лидер во енергетскиот сектор на Македонија. – изјави Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол.

И овој пат, Макпетрол заедно со децата од ликовната секција на основното училиште „Страшо Пинџур“ од Општина Вевчани, настанот го збогатија со мини изложба на ликовните трудови на тема „Мојата прва асоцијација за Макпетрол.
Макпетрол општествената одговорност ја чувствува како должност кон населението, па затоа како благодарност за прекрасните ликовни творби изработени од вештите раце на учениците од општинското основно училиште „Страшо Пинџур“ им донираше лаптоп и проектор, како што изјавија со оваа донација би им ја олесниле работата во дел од наставата.

Бензиската станица во Вевчани, 127 по ред, се одликува со современ изглед и со беспрекорна функционалност и достапност. На потрошувачите им се нуди широка палета на производи, започнувајки од бензинските горива Ultra 95+ Economy и Ultra 100 Race Pro, дизел горивата Ultra Diesel Power Jet и Ultra, Diesel Bio Jet, како и авто ТНГ горивото. Во план е проширување на понудата со изведба на метанска инсталација со што комплетно ќе се заокружи понудата на квалитетни горива достапни на оваа бензинска станица.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK