Четворица се борат за титулата: Гледајте ја во живо трката од Twingo Cup на Гробник (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Последните две трки викендов на Гробник, Хрватска ќе го дадат првакот на Македонија во Twingo Cup во втората сезона. Давид Малинковски со победа уште на првата трка може да ги реши дилемите, а теоретки четворица возачи имаат шанса за титулата. Трката почнува во 18 часот.

Најголемиот конкурент за титулата сезонава во Twingo Cup во првенството на Македонија, Давид Малинковски на денешната трка ќе стартува од 21 место во конкуренција на 32 возачи. На Малинковски му е потребна победа (во конкуренција на македонските возачи) за да ја осигура титулата на една трка до крај. Во спротивно ќе бара вкупно 18 бода од двете трки.
Марко Блажевски е најдобриот македонски возач во квалификациите кој постигна 14. време и ќе тргне од 7 ред на Гробник.

Вкупно девет македонски возачи ќе се појават на стартот, а зад Блажевски се најдоа: Давид Малинковски (21 место), Емила Нацка (22 место), Виктор Треневски (23), Зоран Мираковски (24), Ангелче Стојковски (27), Мартин Костовски (30), Слободан Трајковски (29) и Ненанд Костовски (32 место).
На трката се возат 25 минути.

Гледајте ја трката на следниот линк

Давид Малинковски, Ангелче Стојковски, Мартин Костовски и Владимир Тренески влегуваат со шанса да ја освојат титулата во втората сезона на Twingo Cup за првенството на Македонија, и покрај другото и паричната награда што ја доделува организаторот AKK Renault Sport Skopje.

Главната награда после три сезони е електрично возило renault Twizy, a на крајот од секоја сезона најдобрите добиваат и парични награди. Со трката на Гробник завршува втората сезона на Twingo Cup во која досега имаше шест трки на три различни патеки, Хунгароринг, Словакиаринг и Гробник. Поради технички проблеми не се возеше планираната трка во Серез, Грција. Со Гробник сега ќе севрши сезоната со што ќе има исвозени вкупно 8 трки.

Во игра се вкупно 40 бодови за победа (по 20 за победа на секоја трка), а моментно во генерален пласман води Давид Малинковски со 92 бода, и има 22 бода повеќе од второпласираниот Владимир Тренески (70), трет е Ангелче Стојковски (68) и четвртопласиран е Мартин Костовски (64 бода).

Малинковски е најголемиот кандидат за титулата. За освојување на титулата му требаат најмалку 18 бодови. Тој сезонава има четири победи од шест трки сезонава и три победи во серија (Словачка и двапати во Хрватска). По една победа сезонава имаат и Мартин Костовски и Владимир Тренески. Победникот на секоја трка добива 20 бода, вториот 15, третиот – 12, четвртиот 10 итн.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK