Во Мариово кај рудникот Алшар ќе се отвори граничен премин со Грција

ОБЈАВЕНО НА:

Жителите во регионот на Мариово во иднина ќе можат побрзо да стигнат до Грција бидејќи Владата на Република Македонија донесе одлука за отворање на нов граничен премин – Мајдан. Тој се наоѓа во регионот на општина Кавадарци и треба да го поврзе Мајдан со грчки Промахои.

Интересно е што овој граничен премин би требало да биде во близина на рудникот Алшар каде за првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит. Тој рудник се наоѓа на планината Кожуф.

Отворањето на овој граничен премин е дел од одлуките од 142-та владина седница каде се предлог – законите за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден во Република Северна Македонија и Промахoи во Република Грција. Спогодбата е склучена на 2 април 2019 година во Скопје, врз основа на Преспанскиот договор.

Во спогодбата се предвидува двете држави, на сопствената територија да ја изградат, реконструираат и надградат соодветната патна мрежа, како и сета останата инфраструктура потребна за функционирањето на граничниот премин.

Во иста насока е и усвоениот предлог- закон за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање на еден граничен премин во регионот на Преспанското Езеро и патиштата коишто ги поврзуваат Маркова Нога на територијата на Република Северна Македонија и Лемос на територијата на Република Грција. Граничниот премин ќе овозможи поголемо поврзување и полесна комуникација на населението од овој пограничен регион, стои во соопштението на Владата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK