Во Амстердам се паркира дури и под вода

ОБЈАВЕНО НА:

За да се обезбедат дополнителни места за паркирање во прилично густиот со сообраќај кварт во Амстердам, Де Пијп, градските власти го одобрија проектот за изградба на гаражи под постојниот канал.

Проблемите со пркирањето се проблем во секоја град, па затоа секоја градска власт се снаоѓа на секој можен начин. Понекогаш идеите мора да бидат и повеќе од оригинални, а наизглед се и помалку луди и изгледаат тешко изводливи. Но, во борбата за паркинг простор сѐ е добредојдено.

За првпат во Амстердам еден објект да се гради под вода и поради тоа се најде во центарот на вниманието на струката на стручната јавност затоа што навистина се работи за извонреден градежен потфат.

Паркинг гаража Алберт Кјуп, е планиран да се сместат 600 возила и 60 велосипеди. Со нејзиното градење ќе биде тргнати 300 места за паркирање на ниво на улицата, со што ќе се отвори простор за пешаци, паркови и други јавни површини.

Кога се гради под каналот јасно е дека најголем проблем ќе биде изведување на плоча која ќе ја држи водата од пробивање во паркингот. За потребите на градење на овие гаражи за прв пат се применува техниката на т.н. интегриран базен, која всушност е хибридна бетонска структура.

Гаража по своја форма е правоаголник и е многу едноставна. Мрачните агли се избегнуваат со поставување на проѕирни ѕидови и скали, додека конструктивните столбови како и сите вентилациони канали, кабли и друга инсталација се скриени од погледот, за да се чувствуваат удобно под каналите што минуваат над главата.
Изградбата на каналот ќе чини 35 милиони евра, додека цената на паркирањето ќе биде иста како и на улиците.

Оваа “подводна” гаража треба да биде отворена во 2018 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK