Започна продажбата на Renault Taliant

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител Renault и официјално започна со производството и продажбата на моделот Taliant кој на светската јавност беше претставен во март годинава. Станува збор за автомобил за кој може да се каже дека е наследник на моделот Symbol односно Thalia кој се појави во 1999 година, а денес се уште се произведува во Колумбија, Аргентина, Бразил и Алжир.

Од претходно е познато дека овој модел се темели на CMF-B LS платформата која ја користат најновите генерации на Dacia Logan и Dacia Sandero. Оттука, должината на овој модел изнесува 4.396 мм што е за пола милиметар подолг од Symbol. Ширината изнесува 1.848 мм, висината 1.501 мм додека пак капацитетот на багажниот простор изнесува 528 литри.

Во понудата доаѓа со три верзии на бензински мотор. Сите се 1,0 литарски. Првиот е H4D SCe 65 I3, вториот H4Dt TCe 90 I3 turbo, додека третиот е на комбиниран LPG погон. Во однос на коњажата, истата се движи од 65 до 100 КС во зависност од верзијата на моторот. Купувачите може да одбираат помеѓу 5 степен мануелен и 6 степен CVT менувач.

Внатрешноста доаѓа со помалку квалитетни елементи во споредба со Megane и Talisman. Во повисокото ниво на опременост доаѓа и со 10 инчен централно поставен екран осетлив на допир и помал TFT екран кај инструменталната табла.

Главниот пазар ќе биде Турција, но истиот ќе се продава и во околните земји. За очекување е да биде достапен и во Македонија, а на овој регион ќе конкурира на Citroen C Elysse, Fiat Tipo Sedan, Peugeot 301 и Opel Astra Sedan. Медиумите во Индија пренесуваат дека овој модел ќе биде достапен и на нивниот пазар каде ќе конкурира на Honda City.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK