Коронавирусот го блокираше Fiat

ОБЈАВЕНО НА:

Коронавирусот веќе неколку месеци прави вистински проблеми на автомобилската индустрија. Сепак се чини дека најмногу од сите е погодена европската дивизија на FCA.

Откако пред неколку недели беше објавено дека ќе се сопре производството на Fiat во фабриката во српскиот град Крагуевац поради недостаток на компоненти од Кина, Fiat излезе со уште ограничувања поради епидемијата во северниот дел на Италија.

Најголем дел од бизнис активностите на FCA во Италија се сконцентиррани во регионот Пиемонт каде и се наоѓа Торино, но итните мерки на Владата предводена од Џузепе Конти придонесе да и FCA преземе соодветни активности.

Fiat го ограничи пристапот до сите нивни објекти во Пиемонт забранувајќи било каков пристап на лица кои во послендите 15 дена патувале во Кина и останатите земји до Азија. Исто така го забрани и пристапот на лица кои директно или индиректно би можеле да бидат во контакт со некои од заболените од вирусот.

Во моментов Fiat презема мерки и за редуцирање на бизнис активностите, а не се исклучува и можност од целосно затворање на фабриките.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK