Аmi Buggy кој беше распродаден за 18 минути – в година со нови 1.000 возила

ОБЈАВЕНО НА:

Citroen се надева дека ќе го повтори успехот на првата „серија“ продадена годинава. Малото и необично возило ќе може да се нарача на крајот на март

Citroen My Ami Buggy е подготвен да се врати. По 50-те примероци продадени минатиот јуни (и распродадени за 18 минути), уште 1.000 модели ќе бидат пуштени во продажба напролет.

Методите (и цените) за нарачка на оваа ексклузивна варијанта на електричниот четирицикл ќе бидат објавени во наредните недели, но Citroen предупредува дека примероците би можеле да се купат на денот на отворањето на нарачките.

Така, ново поглавје е напишано во младата приказна за My Ami од лансирањето на оригиналниот модел во 2020 година. Мини автомобилот го користат поединци, компании и локални власти за да се движат наоколу во агилен начин, „паметен“ и со нула емисии во градските центри.

Citroen не го опишува детално новото специјално издание, но голема е веројатноста дека е истиот сет-ап кој бепе на јунскиот модел на Ami. Buggy има голем број на прилагодувања со off-road стил, со засилени браници и нови лајсни по целото тело. Главните бои се црната и зелената кои на малиот Citroen му даваат речиси „воен“ изглед, иако со „шпиагински“ дух.

Подвижниот покрив со сивиот мек покрив и вратите без видливи панели дозволуваат многу светлина да влезе во патничкиот простор, кој се одликува со посебна техничка ткаенина на седиштата и други нови детали.

Оригиналниот My Ami Buggy беше продаден за 9.790 евра и можно е Citroen да ја повтори истата цена. Испораките на првите единици се очекуваат до крајот на летото 2023 година.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK