Toyota го враќа Urban Cruiser во понудата

ОБЈАВЕНО НА:

По четиригодишна пауза Toyota повторно се одлучи во својата понуда да го врати моделот Urban Cruiser. Ова официјално го претстави производителот кој при тоа ги објави и првите информации поврзани со старо-новиот модел.

Станува збор за модел кој ќе биде достапен само на пазарот во Индија за кого јапонскиот производител изминатите неколку месеци претстави неколку новитети.

Малиот симпатичен кросовер во целост ќе се базира на моделот Suzuki Vitara Brezza. Всушност станува збор само за ребрендирана Vitara Brezza која ќе дојде со помали визуелни измени, особено предниот браник и маска.

Во поглед на димензиите, должината изнесува 3.995 мм, широчината 1.760 мм, височината 1.550 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.500 мм.

Инаку за прв пат овој модел Toyota го претстави во 2002 годин, а пет години подоцна и втората генерација која меѓудругото се продаваше и во Европа, Северна Америка и Латинска Америка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK