Снимено новото Maserati MC20 (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата која е закажана за следниот месец, на интернет се појави шпиунско видео на кое се гледа новиот модел на Maserati, моделот MC20.

Станува збор за видео кое не е познато каде е снимено, а на кое се гледаат одредени детали од надворешноста на овој модел.

Од претходно се познати некои техничките карактеристики кои навистина се помалку импресивни. Тука е 3,6 литарскиот V6 twin-turbo мотор со повеќе од 600 КС. Подоцна ќе се појави и хибридна и целосно електрична верзија.

Инаку името на овој модел доаѓа од Maserati Corse 2020. Првите испораки ќе бидат спроведени следната година, а засега не е позната цената ниту бројот на примероци кои ќе бидат произведени.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK