Lada прекина да продава во Западна Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Приоритетни пазари за најголемиот руски производител на автомобили ги разгледува земјите од Заедницата на Независни Држави (ЗНД), Латинска Америка и Блискиот Исток.

Рускиот производител на автомобили АвтоВАЗ ќе го запре на определено време извозот на автомобили од марката Лада во Европа, најави претставник на оваа компанија, пренесуваат руските медиуми.

Како што се наведува, запирањето на испораката е причинето од воведувањето нови, построги, еколошки стандарди во врска со издувните гасови и дизел-горивото, предвидени за автомобилите што се продаваат во Европската Унија (возилата на АвтоВАЗ не ги задоволуваат).

Така од средината на пролетта годинава ќе престане извозот на Лада на пазарите на Германија и Австрија, но автомобилите на залиха ќе се продаваат уште некое време. Интересно е дека клиентите во Германија за најдобар теренец, имајќи го предвид односот на цената и квалитетот, ја избраа токму Лада 4×4.

Минатата година АвтоВАЗ го зголеми извозот за 64 отсто, испорачувајќи во странство во првото полугодие 16.592 автомобили. На домашниот пазар во март оваа година беше забележана продажба на 33.820 возила, што претставува раст од 10,1 отсто во споредба со истиот период лани.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK