Малку историја – саемот во Женева во 1953 година (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Саемот за автомобили во Женева е еден од најпопуларните кога е во прашање автомобилизмот, но истовремено и еден од најстарите. Годинава организаторите решија тој да биде откажан поради намалување на опасноста од можно ширење на новиот коронавирус. Производителите ќе си прават сопствени промоции на своите модели што требаше да ги промовираат во Женева.

Првото издание од овој саем се одржало во 1905 година па со неколку паузи во меѓувреме, во континуитет се одржува и до ден денес ако годишен настан.

Но да се навратиме 70-тина години наназад. Далечната 1953 година беше еден од најсодржајните пост воени саеми за автомобили. Таа година се одржаа и четири светски премиери и тоа на Ferrari 250 MM, Fiat 1100, Lancia Aurelia како и автомобил на Rometsch Beeskow кој ја освои Златната роза, награда која се доделува на најдобриот автомобил на саемот.

Од видеото прикажано погоре може да се забележи дека значителен дел од прикажаните автомобили биле и од американско производство како што се Ford, Austin, Lincoln…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK