Снимен фејслифтот на Fiat Tipo (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Иако пред само некоја недела се појавија рендери од изгледот на Tipo сепак подоцна беше утврдено дека не станува збор за официјални рендери и дека истите се фотошопирани. Сега, на интернет се појавија уште едни фотографии, кои иако не се официјално потврдени, многу веројатно е дека станува збор за фејслифтот на Fiat Tipo.

Актуелната генерација во производство влезе во 2015 година во Бурса, Турција, и оттогаш немаше воопшто никакви измени во поглед на изгледот иако беа претставувани неколку верзии како Tipo Sport. По пет години, FCA ќе претстави фејслифт.

Судејќи според објавената фотографија, но и претходните шпиунски фотографии, моделот ќе дојде со изменет преден дел. Тука пред се мислиме на новите светла, како и маската за ладилникот и браник. На задниот дел не се очекуваат измени.

Fiat Tipo facelift

Во внатрешноста пак, доаѓа со мали измени. Овој модел добива дигитален екран кај инструменталната табла.

Фејслифтот ќе ги задржи постоечките мотори, а премиерата треба да се случи кон крајот на оваа година.