Tesla бара дозвола за продажба на радарски сигурносен уред за автомобилите

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот производител на електрични возила Tesla до властите во САД поднесе барање за дозвола за продажба на интерактивен уред за детектирање на движењата на мали раздалечености кои има за цел да го подобри сигурносниот систем во возилата.

Сензорот засега нема лиценца во ниту една држава, а се кориси само во интерните тестирања спроведени од страна на Tesla.

Овој сензор се базира на милиметарски бранови кои се поголеми од она што предвидуваат важечките прописи во САД. Користи и три приемника, а се базира во целост на радарската технологија.

Пред само неколку години Сојузната комисија за комуникации одобри едно слично барање на Google, додека во моментов одговор на вакво исто барање очекува и Valeo.

Сите овие барања имаат за крајна цел воведување на целосно автономни возила на патишата во САД.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK