Имате ваучер за туризам – од утре користите ги на овие локации

ОБЈАВЕНО НА:

Доколку вредноста на туристичката или угостителска услуга која се плаќа со ваучерот за туризам е помала од 6.000 денари – ќе се смета дека ваучерот е целосно искористен. Ако вредноста на туристичката или угостителска услуга која се плаќа со ваучерот за туризам е поголема од 6.000 денари, разликата над овој износ ја доплатува корисникот на ваучерот за туризам.

Граѓаните кои ги исполнија условите и добија ваучери за туризам ќе може да ги искористат во некој од сместувачките капацитети кои се во проектот. Ваучерите впрочем можат да се користат од 15 јули до 15 декември годинава.

Ваучерите добија 117.122 граѓани, и на располагање имаат по 6.000 денари за да се смесат во некои домашни капацитет, Владата очекува да го промовира и да го помогне домашниот туризам. Агенцијата за туризам очекува годинава домашните гости да направат повеќе од два милиона ноќевања.

Дестинацијата на која ќе може да летуваат или зимуваат ќе може да ја изберат преку овој линк: Дома си е дома. Тука се објавени хотелите, приватните апартмани, автокампови, одморалишта, бањи, опфатени со оваа владина мерка.

Доколку вредноста на туристичката или угостителска услуга која се плаќа со ваучерот за туризам е помала од 6.000 денари – ќе се смета дека ваучерот е целосно искористен. Ако вредноста на туристичката или угостителска услуга која се плаќа со ваучерот за туризам е поголема од 6.000 денари, разликата над овој износ ја доплатува корисникот на ваучерот за туризам.

Откако ќе бидат искористени ваучерите од страна на граѓаните, Министерството за економија ќе им ги исплати средствата на туристичките капацитети за дадените услуги врз основа на доставена месечна фактура и месечен извештај за реализираните ваучери.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK