Како изгледа Volkswagen ID.4 во движење (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Северноамериканскиот оддел од компанијата на Volkswagen објави интересно видео во кое се објаснува дел од развојната програма низ која минуваат прототиповите на целосно новиот и прв од видот за брендот 100% електричниот СУВ модел ID.4.

„Голем дел од развојната дејност е реализиран во Германија, пред автомобилите да дојдат кај нас и тоа што го правиме е да се увериме дека тие се соодветни за потребите и очекувањата на потрошувачите од САД“, велат од Volkswagen.

Развиен врз основа на модулната платформа за електрични автомобили MEB, Volkswagen ID.4 ќе се произведува и ќе се продава и во Европа, Кина и САД, а во зависност од модификацијата ќе се нуди слободен дострел до 500 километри.

Интересна карактеристика за Volkswagen ID.4 е таа дека при лансирањето на пазарот ќе се нуди во верзија со заден погон, а модификацијата со погон на четири тркала ќе биде пуштена на подоцнежна етапа.

Само пред неколку дена, Volkswagen ги објави и првите фотографии од надворешноста и внатрешноста на електричниот СУВ, a вчера беше и офиицијната промоција на новиот модел на германската компанија.

 

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

АКО СЕГА БИ КУПИЛЕ АВТОМОБИЛ, ТОЈ БИ БИЛ СО?

бензински мотор
35.21% | 425 од 1207 ГЛАСА
дизелски мотор
32.56% | 393 од 1207 ГЛАСА
хибрид
17.90% | 216 од 1207 ГЛАСА
електричен
11.02% | 133 од 1207 ГЛАСА
плаг-ин
3.31% | 40 од 1207 ГЛАСА

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK