Успешна потрага: Пронајден автомобилот Ferrari F40 на синот на Садам Хусеин

ОБЈАВЕНО НА:

Пред некоја недела пишувавме YouTuber-от Ratarossa кој се впушти во потрагата по автомобилот Ferrari F40 кој бил во сопственост на синот на поранешниот претседател на Ирак, Садам Хусеин.

Потрагата на Rattarosaa по автомобилот на Удај Хусаин не траеше долго и заврши сосема успешно – автомобилот е пронајден.

Автомобилот е пронајден по пат на интернет. Всушност овој YouTube-ер бил контактиран од актуелниот сопственик, колекционер од градот Ербил кој се наоѓа во курдистанскиот дел од Ирак.

За жал потрагата завршува тука, а сонот на Ratarossa за реставрација на овој автомобил ќе чека подобри времиња. Причината за тоа е фактот што сопственикот-колекционер за овој автомобил бара ни повеќе ни помалку, него 1.150.000 американски долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK