Макпетрол ја додели првата Honda Jazz од наградната игра

ОБЈАВЕНО НА:

По два месеци од почетокот на наградната игра по повод „70 години Макпетрол“ беа доделени и првите повредни награди, меѓу кои и Хонда скутер и автомобил Honda Jazz.

Првиот добитник на автомобилот Honda Jazz е Фадил Бесири, а Гоце Павлевски доби скутер Honda. Oва е првото летно полуфинале од наградната игра.

За да се учествува во наградната игра потребно е да се биде член на семејството на Верна каде досега има над 110.000 корисници. Треба да се направат најмалку 10 поени на картичката за да се биде потенцијален добитник на некоја од 2.000 награди. Вредноста на целата наградна игра што ја организира Макпетрол, а ќе трае до декември годинава е околу 100.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK