Ford EcoSport Active – за авантуристи

ОБЈАВЕНО НА:

Оваа недела Ford ги откри првите детали за новиот додаток во специјалната линија Active на брендот – EcoSport Active.

EcoSport Active ја следи темата на Active линијата, нудејќи повеќе теренски сјај и поголема применливост на компактниот SUV модел, насочен кон оние потрошувачи кои сакаат дополнителна флексибилност надвор од стандардните патишта.

Главниот фокус на Ford EcoSport Active е дека новата верзија ја надградува основата на моделот со зголемен клиренс, ветувајќи поголема безбедност и спокојство при возење во теренски средини.

Ford EcoSport Active

EcoSport Active ја следи темата на Active линијата, нудејќи повеќе теренски сјај и поголема применливост на компактниот SUV модел, насочен кон оние потрошувачи кои сакаат дополнителна флексибилност надвор од стандардните патишта.  

EcoSport Active станува уникатен и за сериските алуминиумски тркала, дополнителни карактеристични заштитни елементи за надворешноста, специјално дизајниран тапацир, повисока позиција за седење за подобар преглед на патот и многу повеќе.

EcoSport Active е достапен со 1,0-литарски бензинец EcoBoost кој произведува 123 КС / 92 kW и 200 Nm вртежен момент. Овој мотор е поврзан со шестстепен мануелен менувач и ги придвижува предните тркала. Просечната потрошувачка на гориво во циклусот WLTP е 5,9-6,0 л/100 км. и испушта емисии на CO2 од 136-137 г/км.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK