Kако помина Audi Q8 на краш тестот (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во последната низа на краш тестови кои ги спроведе Euro NCAP, своја демонстрација на безбедносните способности имаше Audi Q8.

Без сомнежи, овој најголем SUV во понудата на Audi освои пет од максимални пет ѕвездички, а според перформансите важи за еден од најбезбедните модели на германскиот производител.

Најголем скор ова возило оствари во безбедноста на возачот од 93%, а 87% скор оствари во безбедноста на децата, додека 73% односно 71% оствари во безбедносната асистенција и безбедноста на пешаците.

Инаку тестираниот модел е со стандардна опрема и TDI мотор, а вкупната тежина изнесува 2.220 кг.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK