Peugeot најави – во петок доаѓа 508! (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Без многу детали, Peugeot преку својот youtube канал објави кратко видео со кое се најавува новиот модел – 508. Тој ќе биде покажан во петок, на 24 февруари.

Француската компанија додава само три објаснувачки хаштагови, благодарение на кои се сфаќа дека ќе бидат претставени не само верзиите 508 и 508 SW, туку и нов спортски 508 PSE (Peugeot Sport Engineered).

Со своето појавување во 2020 година, 508 PSE стана првиот од ваков вид и најмоќниот сериски модел во историјата на марката. Хибридниот погонски систем на автомобилот, достапен и во караван верзија, имаше максимална моќност од 360 КС. и 520 Nm максимален вртежен момент и нудеше можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 5,2 секунди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK