PB 18 E-Tron – новото чудовиште на Audi

ОБЈАВЕНО НА:

Audi PB 18 E-Tron судејќи по екстериерот и техничките карактеристики е најновото “чудовиште” кое доаѓа од “лабораторијата” на Audi.

Овој концептен автомобил претставен на овогодинешниот настан Pebble Beach Concours d’Elegance е целосно електрифициран автомобил во shooting brake форма. Според објавените технички карактеристики, овој автомобил кој е долг 543 см., широк 200 см. и со висина од 115 см. располага со 680 КС и 850 Нм. Иако со релативно голема тежина од 1.550 кг, овој автомобил до 100 км/ч забрзува за нешто повеќе од 2 секунди.

Овој автомобил е сликата на последната технологија на Audi. Предните светла се со т.н. Matrix технологија карактеристична за Audi. Во внатрешноста е вградена OLED инструменталната табла , додека 22 инчните тркала и погонот на сите четири придонесуваат PB 18 E-Tron да ги надмине сите пречки на патот.

Audi PB 18 E-Tron

Од Audi соопштуваат дека овој концептен модел со едно полнење на батеријата која е со капацитет од 95 kWh може да помине околу 500 km, а во целост батеријата може да се наполни за само 15 минути.

За сега нема точна информација кога и дали овој модел би влегол во сериско производство. Како и да е, судејќи по екстериерот и техничките карактеристики се надеваме дека овој модел многу скоро ќе ја зголеми понудата на германскиот производител.

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK