Lamborghini објави адреналинско видео од Huracan EVO RWD (ВИДЕО)

Lamborghini на својот YouTube канал објави супер адреналинско видео за најспортската, EVO RWD верзија од моделот Huracan.

Во видеото секако се прикажани спортските перформанси на овој модел кој е со тежина од 1.389 килограми.

Оваа верзија располага со 5,2 литарски атмосферски V10 мотор со 610 КС и 560 Nm обртни моменти. При тоа максималната брзина која ја постигнува изнесува 326 км/ч додека до 100-ка забрзува за 3,3 секунди.

Адреналинското видео можете да го погледнете во продолжение.