Tesla најпосакуван, Infiniti најмалку посакуван бренд во САД

ОБЈАВЕНО НА:

Consumer Reports традиционално, секоја година спроведува испитување на сатистфакцијата на американските возачи од своите возила. При тоа, прави рангирање на најпосакувани и најнепосакувани брендови.

Рангирањето се прави врз основа на пет параметри: возење, комфорт, внатрешната електроника, пространоста и вредноста.

Со скор од 88 поени на првата позиција т.е. најмногу посакуван бренд е Tesla кој во САД нуди четири модели. Најдобар скор, овој бренд освои во однос на возењето додека најмал во однос на вредноста.

На втората позиција со 76 поени е Lincoln, додека трет Ram. Можеби изненадувачки, но четврти најпосакуван бренд е Chrysler. Во топ 5 најпосакувани брендови е Subaru со 75 поени. Најдобро рангиран европски бренд е Porsche кој со 74 поени се наоѓа на позицијата број 7. Тој е и единствен европски бренд на листата на топ 10 најпосакувани брендови.

Од друга страна, со само 48 поени, најмалку посакуван бренд е Infiniti, а на дното на листата се наоѓаат уште и Nissan (58), Cadillac (59), Buick (61), Mercedes-Benz (64), Chevrolet (65), GMC (65), Jeep (66), Lexus (67)…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK