Mercedes со EQE ќе конкурира на Tesla Model S

ОБЈАВЕНО НА:

Откако семејството EQ пред само некое време го доби членот C, сега истото се збогатува со уште еден модел. Станува збор за електричниот седан EQE кој доаѓа како конкурент на моделот S на Tesla.

Овој модел во моментов сеуште е во развој, а ќе биде инспириран од сегашната Е класа. Се развива под кодното име V295, а во споредба со наведениот модел ќе биде понизок, но со сосема доволен простор во внатрешноста.

Она што со сигурност се знае е дека ќе биде понуден само со погон на сите четири тркала. Ќе располага со два мотори, по еден за предните и задните тркала, а севкупно ќе испорачуваат 402 КС и 765 Nm обртни моменти. Се очекува максималниот домет да изнесува околу 600 км што е повеќе од солидно.

Овој модел ќе се комерцијализира не подоцна од 2022 година, а во меѓувреме се очекуваат и електричните модели EQA, EQB и EQS.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK