Конечно претставен Mohave – уште еден голем SUV на Kia

ОБЈАВЕНО НА:

Kia има година за паметење, не само поради одличните продажни резултати досега, туку и поради бројните новитети кои ги претстави. Последен во низата е големиот SUV, Mohave кој доаѓа откако во март годинава беше претставен на саемот во Сеул.

Ова е всушност втората генерација на овој модел кој премиерно беше претставен во 2008 година. Првата генерација се произведува(ше) во Јужна Кореаа, Русија и Казахстан.

И екстериерно и ентериерно втората генерација нема ама баш никакви сличности со првата генерација, а покрај целосно новиот дизајн, овој модел доажа и со нови LED светла, систем со четири издувни отвори, бројни системи за безбедност и асистенција при возењето и слично.

Kia Mohave

Засега нема официјални со какви се мотори ќе биде понуден. Актуелната прва генерација е достапна со 3.0 литарски, 3.8 литарски и 4.6 литарски V8 бензински мотор.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK