Alfa Romeo со специјална 4C Spider Italia изведба

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанскиот производител Alfa Romeo на саемот во Чикаго ја претстави специјалната изведба од моделот 4C Spider. Именувана како Italia, оваа изведба доаѓа во Misano Blue Metallic боја, а ќе бидат произведени само 15 примероци.

Американската дилерска мрежа веќе започна да ги прима нарачките за овој модел, а цената изнесува 71.900 долари. За оваа цена добивате 1.75 литарски четири цилиндрен бензински мотор со 237 КС и 349 Nm.

Иако на прв поглед не изгледа импресивно, сепак лесната каросерија од помалку од 1 килограми овозможува одлични спортски перформанси. Така забрзувањето до 100-ка трае само 4,1 секунда, а максималната брзина 257 km/h.

Инаку моделот 4C во понудата на италијанскиот производител беше воведен во 2013 година кога започна производството на автомобилот дизајниран од страна а Лоренцо Рамачоти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK