Одлична продажба: Kia Sportage стигна до 5 милиони

ОБЈАВЕНО НА:

Kia Motors објави дека глобалната продажба на моделот Sportage достигна ниво од 5.000.000 возила.

Моделот што е претставен во 1993 година, и сега се продава четвртата генерација ја заврши 2017 година со просечна продажба од 38.000 единици месечно.

Во 2016 и 2017 година, Sportage го надмина компактниот Rio во светот за да стане најдобро продаванo возило на Kia. Во првите два месеци од оваа година, моделот забележа продажба од 36.632 и 32.930 ново регистрирани автомобили.

Моделот беше прогласен и за „Автомобил на годината во Македонија за 2017“.

Од првата генерација на Sportage, се продадени на 500.000 возила, од втората која беше на пазарот 7 години има продадено 1.223.776 возила, а од третата по 6 години пазарно присуство, над 2 милиони единици.

За четвртата генерација Sportage, Kia објави 1.000.000 единици продадени возила до јануари оваа година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK