Пет неудобни возила за управување!

ОБЈАВЕНО НА:

Кога се купува возило тогаш еден од елементите што е важен за сопственикот е неговата удобност, особено ако истото возило се користи за чести патувања, и плус на долги релации. Добро понекогаш се трпи, но доколку така треба да покажете некое ниво или да бидете фраер. Најважно останува кога ќе седнете во внатрешноста да ви биде вам и на патниците удобно.

Сите современи автомобили имаат целосен арсенал од електронски асистенти и нивното управување им е лесно и пријатно. Во светот, сепак, постојат возила кои се дијаметрално спротивни.

Тие доставуваат физичко страдање на нивните возачи, но и покрај тоа се посакувани и продолжуваат да се продават и тоа со добар успех.

Morgan

Ретро автомобилите од брендот Morgan се произведуваат и до ден денешен, но и досега се прават на дрвена рамка. Тркалата се со краци, а таваните со цирада ретко ќе го остава сув возачот. Овој автомобил е многу непожелен за долги растојанија.

Shelby Cobra

Овој култен автомобил не располага со засилувач на воланот и на сопирачките, но има во залиха монструозна моќност и многу цврста суспензија. Целосно црниот ентериер и цевките од ауспухот, кои се буквално под задникот, сепак, е идеален рецепт за топлотен удар.

Land Rover Defender

Тоа е едно од најдобрите СУВ возила во светот, но и покрај сите негови предности овој автомобил се карактеризира со нулта удобност. На 100 поминати километри ќе ви се причини дека сте поминале 500 километри со нормален автомобил, а по прашањето за звучна изолација, таква едноставно недостига.

Dodge Viper

Станува збор за првата генерација на моделот, чие возење е навистина незаборавно. Единствениот фокус е потребен за напорите на десната нога бидејќи моќта може да ве убие. Автомобилот е многу брз и многу тешко се управува.

VW Bus

Култниот Т1 се поврзува со хипи годините на минатиот век и рекламните клипови покажуваат вистинско задоволство при возењето. Сепак, ова не е случај. Автомобилот има ужасен зафат и со многу висок центар на гравитација. Може да се претпостави како ќе биде ако возачот е малку пополн. Во таква ситуација воланот ќе дојде до неговиот стомак, па маневрирањето станува потешко.