Tоyоtа ce откажува од легендарниот Lаnd Сruisеr!

ОБЈАВЕНО НА:

Возилото Toyota Land Cruiser кое е легендарно за компанијата би можело да го доживее својот крај на производството доколку се остварат најавите кои кружат во моментов. Тоа значи дека моделот од 2021 година ќе биде последниот во историјата на теренецот.

Покрај ова има уште нешто кое е интересно. Порталот Мotor Authority кој ја соопшти оваа информација донесува вест дека Lеxus LX нема да ја напушти моделската линија на премиум брендот, но и дека нема да биде опремен со актуелниот 5.7-литарски V8, шестцилиндричен мотор. За оваа информација се наведува извор кој е високопоставен во централата на брендот, кој тврди дека одлуката за прекратувањето на производството на Lаnd Сruisеr e дефинитивна.

Во моментов оваа информација не е официјално потврдена и се базира само на гласини. Сепак, вреди да се потсети дека сегашната генерација на теренецот се произведува веќе 13 години и Tоyоtа уште нема објавени никакви официјални прогнози или планови за наследник.

Оттогаш до денес концернот многупати пушташе рестајлизирани верзии, кои му дозволуваа на Lаnd Сruisеr дa изгледа актуелен и „свеж“. На интернет никогаш не се појавија никакви шпионски фотографии или информација, која барем би навестила можност за лансирање на автомобил од следната генерација.

Од сето ова може да се заклучи дека гласините за моделот, кој го напушта пазарот не се толку далеку од вистината. Очигледно потврдата или демант за оваа информација ќе се појави во текот на следните месеци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK