Овие земји извезуваат најмногу автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Кога сме кај автомобилската индустрија она што сите го знаеме е дека Германија е најголемиот производител на автомобили. И тоа е точно. Според последната статистика од оваа земја годишно се извезуваат автомобили во износ од 154,7 милијарди евра.

Но, доколку на следните позиции претпоставувате дека се наоѓаат Франција и Италија тогаш многу грешите.

Со извоз од 99,1 милијарди евра на втората позиција се наоѓа Јапонија додека на третата со 51,4 милијарди евра се наоѓа САД. Најдобрата петорка во поглед на извозот на автомобили ја сочинува уште и Мексико и Велика Британија.

Изненадување е можеби шесттата позиција на Канада која со извоз од 41 милијарда евра се наоѓа пред Јужна Кореја, Шпанија и Белгија. Франција со извоз од 25,2 милијарди евра се наоѓа на 10. позиција додека Италија се наоѓа дури на 12. позиција со извоз од 16,9 милијарди евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK