Истражување: Секој трет возач не знае да смени гума, секој десетти да наточи гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Едно истражување од поодамна спроведено во Велика Британија покажува колку Британците не се вешти кога се во прашање автомобилите.

Истражувањето објавено од страна на DailyMail кое е составено од анкетирање на 35.000 испитаници покажува дека секој трет Британец не знае да промени гума на своето возило.

Уште позагрижувачки е фактот што 10% од испитаниците се изјасниле дека не знаат да наточат гориво на бензинска станица во возило.

Дополнително, 68% од испитаниците мажи и 72% од жените не знаат која е границата за дозволен алкохол додека 8% од жените не знаат која лента за што се користи на автопат.

Еден од истражувачите наведува дека е потребно многу повеќе да се посвети внимание на едукацијата на возачите во Велика Британија. И со право!

Среќа кај нас нема кој да спроведе некое вакво истражување, за да ги видиме резултатите од „способноста“ на нашите возачи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK