Volvo и Waymo потпишаа договор за партнерство – ќе работат заедно на проекти за автономно возење

ОБЈАВЕНО НА:

Шведскиот производител Volvo кој е во сопственост на Geely Motors потпиша партнерски договор со американскиот технолошки гигант Waymo.

Според овој договор двете компании ќе работат на развојот на системи за автономно возење, а главниот збор тука ќе го има компанијата Waymo која е специјализирана на тоа поле како и глобален лидер за развој на технологија за целосно автономно возење.

“Целосно автономните возила може да ја подобрат безбедноста на патишата до невидено ниво и револуционерно да го променат начинот на кои луѓето живеат, работат и патуваат” изјави Хенрик Грин, шеф на технолошката служба на Volvo Car Group.

Своето задоволство од постигнатиот договор не го криеше ниту Адам Фрост, извршниот директор на Waymo кој потенцираше дека Volvo ја дели истата визија како и Waymo во поглед на автономната иднина.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK