Три грешки при купување користено возило

ОБЈАВЕНО НА:

Луѓето многу често купуваат користени автомобили, а тоа е многу чест случај во последните години. Главно возилата ги избираат по објави на интернет, потоа ги прегледуваат фотографиите, ја погледнуваат цената, одат до продавачот и ја купуваат.

Сепак, автомобилот не е смартфон или облека. Купувањето на користен автомобил треба да се разгледа посериозно бидејќи во спротивен случај новиот сопственик може да се најде во големи проблеми.

Ниcкa цeнa
Луѓето многу често се склони да веруваат во чуда. Сепак, на пазарот за користени автомобили, за жал тие немаат никаква улога. Ако возилото е под пазарна вредност тогаш сигурно дека нешто не е в ред со него. Дури не е ни неопходно да гледате такви автомобили. Или автомобилот има претрпено или е од таканаречените „давени“ (наводенети) возила или има проблем со документите. За да ја дознаете пазарната вредност на автомобилот погледнете како одат слични возила и пресметајте ја просечната цена.

Купувaњe нa aвтoмoбил бeз тест

Многу од купувачите пред да го купат автомобилот се ограничуваат само на надворешниот изглед на каросеријата. Сепак, треба да се има предвид дека дури и да се има перфектен надворешен изглед тоа не значи ништо и не значи дека нема да има проблеми со машината. Прво поминатата километража на автомобилот може да биде нереална, а второ проблемите можат да бидат со моторот, со менувачот (особено ако се работи за автоматски).

Во принцип никогаш не купувајте користен автомобил само по надворешниот изглед. Важно е автомобилот да го проверите, дури и кога го купувате од познати или од пријатели. На тој начин ќе ги зачувте пријателите и ќе постигнете согласност за праведна цена. Второ, претходниот сопственик може да не е на чисто со реалнат ситуација на автомобилот.

Независно каков автомобил за определена сума

Многу лица најчесто отвораат портали каде што можат да најдат автомобили и едноставно бараат возила по одредена цена. Пример купувачот има 3500 евра и ги гледа возилата коишто се до таа сума. Тоа е тотално погрешна тактика бидејќи секогаш треба да се стремите кон нешто конкретно.

Пример, можете да изберете 3-4 модели и да размислите само за нив, со што веднаш ги отфрлате другите опции. Зошто? На тој начин моделите кои сте ги избрале можете да ги проучите подобро на форумите, да ги прегледате и да дознаете со какви проблеми може да се соочите, но и како се поправаат, колку чинат поправките и дали воопшто имате потреба од тоа.

Покрај ова ќе моѓете да ги дознаете и нијансите за модификациите. Често се случува некои мотори и менувачи на еден и ист автомобил да се успешни додека други се со проблеми. На пример, ако автомобилот е подложен на корозија после новото стилизирање проблемот повеќе го нема.

Кога избирате од сè на светот не ги знаете проблемите на конкретен модел, како и неговите слабости. Секако читајте и повеќе специјализирана литература. На пример автомобили, кои не се препорачуваат да се купуваат при какви било услови се оние со голема помината километража бидејќи моторите се несигурни, менувачите се склони кон дефект, суспензијата се распаѓа или корозија го јаде металот.

Па, ако се спремате за купување автомобил – со среќа!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK