Renault 4 на бивш политичар продадено за 60.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на месецов пишувавме за одлуката на поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор да го продаде своето возило Renault 4 и сите пари да ги подари на децата што се борат со рак. На 15 јануари заврши аукцијата, и Пахор објави дека го продал своето Renault 4 за рекордни 60.000 евра.

„Денес падна светскиот рекорд. Автомобилот за добра причина ќе стане најскапиот Renault 4 продаден во историјата. Највисоката продажна цена досега беше 50.600 евра. Денеска таа бројка достигна 60.000 евра“, напиша Пахор на социјалните мрежи.

„Денес е културен празник за сите нас. Секоја чест. За децата кои се борат со ракот, а поради вашата добрина, празник на надежта. Ви благодарам. Мали херои, само напред“, напиша поранешниот претседател на Словенија и додаде:

„Честитки до понудувачот и до сите кои со најдобра намера се вклучија во оваа прекрасна кампања која допрва треба да го каже последниот збор. Парите целосно ќе ги посвети на болните деца“.

Бивш претседател на држава на аукција го дава своето Renault 4

Бизнисменот Александар Фратар ја дал најдобрата понуда на аукцијата, објавија словенечките медиуми.

„Нашата намера беше да им помогнеме на овие борци (деца)“, рече Фрајар.

„Знаев дека ова нема да биде аукција за луѓе кои сакаат само добри автомобили, туку за луѓе кои имаат големи срца“, рече Пахор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK