За дипломска работа направи кампер на две тркала (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Студент по архитектура од Калифорнија конструираше хибрид меѓу мотоцикл и кампер возило. Тој успеал да ја продолжи задната подрамка на својата Honda CR500 и да монтира на неа мала, но удобна капсула за спиење.

MotoHome, како го има наречено својот проект е дипломска работа за студентот. Неговата цел била да создаде куќичка на тркала со која ќе може да стигне до местата кои се недостапни за автомобилите.

Во моментот тој собира средства за да може ова возило да влезе во сериско произвоство на камп возило со две тркала, во кое има греење, место за јадење и дури и минијатурна кујна.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK