Новата генерација на Kia Sportage веќе се тестира во Кореја – изгледа многу поразлично (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Познато е дека наскоро Kia ќе го претстави својот нов СУВ модел Sportage. Откако братот од Hyundai, Tucson е веќе на пазарот сигурно е дека и Kia ќе понуди свој адут во класата. Новиот Sportage веќе се тестира и папарите го фатија моделот, и тоа не само со фотографии туку и со видео.

Прототипот прикажан на ова видео е со дебело црно обложување на каросеријата, помагајќи да се сокријат многу детали од неговиот дизајн. Сепак, со внимателно ѕиркање внатре презентерот на ова видео можеше да открие некои непокриени области од надворешноста на SUV.

Ова е прва можност да ги видиме LED задните светла на новиот Sportage. Комплетни со комплексен и остар дизајн, овие задни светла не изгледаат многу поразлично од стариот, туку се разликуваат и од другите Kiа возила.

Што се однесува до предниот дел на новиот Sportage, се знае дека тој ќе има смел дизајн на фарови со аголни LED дневни светла. Тигрестата предна решетка на Kia исто така ќе порасне во димензии за да го опфати поголемиот дел од предната фаца, изгледајќи слично на решетката на новиот Sportage Ace со кинеска спецификација.

Kia исто така се очекува да изврши сеопфатни измени во внатрешноста на новиот Sportage, вклучително и на опремата со зголемениот инфо-забавен екран и новиот волан. Всушност, Sportage може да ја добие новата платформа Nvidia Drive која вклучува аудиовизуелни, навигации, поврзување и поврзани услуги со вештачка интелигенција.

Додека стигнат подобрите фотографии и детали и оваа виде снимка дава насока како ќе изгледа Sportage.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK