Промоцијата на новиот Grand Cherokee на 29 септември

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Jeep објави дека светската премиера на целосно новиот Grand Cherokeе 2022 ќе се одржи на 29 септември за време на специјалниот онлајн настан на www.jeep.com.

„Легендата продолжува“, велат од Jeep и дополнуваат дека петтата генерација на Grand Cherokee ќе продолжи да се надоврзува на наследството на логото во улога на најнаградуваниот теренец на сите времиња.

Од Jeep исто така дополнуваат дека Grand Cherokee 2022 ќе ги исполни сите очекувања, со оглед на тоа што ќе ги понуди најтехнолошките, лускузните и офроуд можности во текот на целата историја на моделот.

Jeep Grand Cherokee 2022 исто така ќе биде и првиот модел во историјата, кој ќе биде достапен и во хибрдина верзија 4xe (PHEV), која од легендарниот бренд ја најавија уште во јули.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK