Hyundai ќе продава само електрични возила во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Од 2035 година, Хјундаи ќе продава само електрични автомобили во Европа, а до 2040 година, сите модели на мотори со внатрешно согорување ќе исчезнат од главните пазари на марката.

Hyundai Motor објави дека компанијата ќе ја прекине продажбата на автомобили опремени со мотори со внатрешно согорување во Европа од 2035 година. Паралелно со оваа објава, компанијата го споделува својот план за трансформација на компанијата во јаглеродно неутрална до 2045 година.

„Според нашата корпоративна визија Progress for Humanity, Hyundai Motor е посветен да ја прави вистинската работа за светот“, рече Џaј Чанг, претседател и извршен директор на Hyundai Motor Company. “Климатските промени се непобитен предизвик што мора да го привлече вниманието на сите што е можно поскоро. Hyundai Motor се обврзува да стане јаглеродно неутрална во своите глобални производи и активности до 2045 година, и ние ќе инвестираме во чисти транспортни и еколошки решенија за енергија за да постигнеме подобри и поодржлива иднина за сите“.

Според стратегијата на Hyundai, компанијата има за цел да постигне 30% пазарен удел на своите целосно електрични автомобили на глобално ниво до 2030 година. Учеството на 100% електрична енергија, вклучувајќи водород, се очекува да достигне 80% до 2040 година.

Од 2035 година, Хјундаи ќе продава само електрични автомобили во Европа, а до 2040 година, сите модели на мотори со внатрешно согорување ќе исчезнат од главните пазари на марката.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK