PEUGEOT 208/e-208 сo награда „Најдобар увезен автомобил на годината“ во Јапонија

ОБЈАВЕНО НА:

Groupe PSA објави дека Peugeot 208 и целосно електричната верзија e-208 се прогласени како „Најдобриот увезен автомобил на годината“ на Јапонија, за време на годишното издание на изборот, организиран од Japan-COTY Commission.

„Причината за доделување на оваа награда на Peugeot 208 и e-208 е реализирањето на висококвалитетното и елегантно возачко искуство, благодарение на комбинацијата меѓу високата цврстина на купето и мазната суспензија. Со висок квалитет на содржината во дизајнот и целосно прецизно и чисто извршување, овој модел беше високо оценет и благодарение на достапноста на електричната верзија е-208…“, велат од Japan-COTY Commission.

„Многу сме задоволни и за нас е чест да добиеме слична престижна награда Најдобар увезен автомобил во рамки на наградите Автомобил на годината во Јапонија“, вели Томас Вилко, претставник и извршен директор на Groupe PSA Japan.

Од Peugeot велат дека 208 и e-208 се радуваат на силен кориснички интерес во Јапонија, а од нивното лансирање на локалниот пазар во јули тие можат да се пофалат со речиси 2000 реализирани примероци, од кои повеќе од 100 беа претставници на целосно електричната верзија на моделот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK