Seat планира нов електричен модел – Born!

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Seat поднела пријави за регистрација во Европа на трговските имиња Born, Born-E и E-Born. На прв поглед изгледа дека Шпанците се откажале од практиката да нарекуваат моделите со имиња на географски објекти, но всушност не е така. Ел Борн е археолошки споменик и еден од модните области на Барселона. Приклучокот “Е” јасно сугерира за појавата на електричен автомобил, кој задолжително ќе се појави во гамата на Sеат.

Неизвесно е само кога? Регистрацијата значи дека имаат план, но нема најава за колку време тоа би се случило. Целосно електричниот прототип Seat e-Mii кој беш претставен во февруари годинава, ќе има само 10 настапи, наменети само за тестови и развој. Новиот електромобил Born, за разлика од него, треба да биде во масовно производство. Во историјата на брендот има и друг целосно електричен прототип – Altea XL Electric Ecomotive од 2011 година, но тој така си остана само прототип.

Во основата на Born ќе биде користена модуларната платформа на VW Group MEB, а самиот тој ќе користи како основа варијанта на различен дизајн на семејството I.D. – можеби врз основа на кросоверот I.D. Crozz.
Во моментов, сепак позицијата на брендот Seat во VW Group е на самиот крај кога станува збор за електрифицирани модели. Најверојатно новиот електричен модел Seat Born ќе го видиме по 2020 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK