Доаѓа ли крајот на автомобилите во германските градови?

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилската организација АDАС и Слободната демократска партија FDP го критикуваа барањето од страна на „Германската асоцијација на градовите“, која цели кон тоа да има што е можно помалку автомобили низ градовите. За што станува збор при овој спор? „Германската асоцијација на градовите“ најави поддршка за „сообраќајната транзиција“ со значително намалена улога на автомобилот.

Главниот извршен директор Хелмут Деди вели: „Нашите градови не се паркинзи туку места за живеење. Тоа се градови за луѓе, а не градови за автомобили. Иднината треба да биде поврзана со преминување кон различни комбинации од видовите на транспорт при што автомобилите би играле сè помалку улога“.

Предлогот не наиде на одобрување од германскиот автообилски клуб АDАС откаде што велат: „Ова барање само ги засилија разликите меѓу луѓето и игнорирањето на потребите на многу Германци кои зависат од автомобилите. Тоа е голем дел од живелите на Германија кои живеат во околните региони и не можат без автомобили“.

Според FDP, пак, слични мерки би ги ограничиле индивидуалната мобилност и правата на собпсрвеност и би задале „смртоносен удар“ за градската трговија на мало. Од FDP надедуваат дека е несподно дека повеќето градови се соочуваат со големи предизвици предизвикани од сообраќајот на патиштата, но тоа не е решението.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK